На Светскиот ден на насмевката, кој се одбележа на 6 октомври, брендот за орална нега Colgate зазеде став против феноменот наречен „срам од насмевка“, кој што предизвикува муртење и погодува милиони луѓе ширум светот.
За да прослави колку разновиден може да биде овој израз на радост, компанијата докажа дека сите насмевки, вклучувајќи ги и оние што дел од општеството може да ги означи како несовршени, се всушност доволно убави за да бидат дел од нејзиното лого.
Кампањата “Free Your Smile” („Ослободи ја својата насмевка“) вклучува бројни визуелни решенија, пласирани во различни делови на Азија, кои што прикажуваат широко насмеани луѓе со протези, празнини и асиметрични форми. Притоа, сите различни низи на заби се соодветно претставени на графички начин преку прилагоденото лого на Colgate.
Како дел од кампањата, Colgate претстави и алатка со вештачка интелигенција која специфичните насмевки на луѓето ги претвора во персонализирана верзија на нивното лого, која потоа може да се споделува на социјалните мрежи.
Иницијативата следи по неодамнешната студија спроведена од Colgate во азиско-пацифичкиот регион, која покажала дека дури 94% од испитаниците изразиле желба да се смеат послободно. Всушност, смеењето е корисно за здравјето и императив за воспоставување позитивни социјални врски, поради што компанијата е насочена да ја врати самодовербата кај луѓето за повеќе и послободно да се смеат.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Ogilvy Singapore.