Американскиот бренд на пиво Coors Light им овозможува на своите фанови необичен начин како да проверат дали пивото кое го држат во рака има оптималната ладна температура.
Имено, брендот го лансираше лакот за нокти Chill Polish, кој ја менува бојата кога прстите на носителот држат ладен пијалак.
Ликот за нокти оригинално има синкасто сива боја која што се претвора во ледено сина на пониски температури, што одговара на градацијата на планините претставени на лименките на Coors Light – кои исто така се менуваат од сива во сина на оптимална температура.
Со цел изработка на термохромниот лак, пивскиот бренд побарал стручна помош од козметичката компанија LeChat Nails.
Специјалниот лак за нокти ќе биде достапен за купување преку официјалниот веб-сајт на брендот по цена од 7 американски долари, а ќе се продава во лимитирани количини до 13 декември.
Фановите на брандот исто така ќе можат да учествуваат во наградна игра, како дел од која ќе можат да добијат лак за нокти, пивски чаши или ракавици.