Американскиот женски магазин Cosmopolitan е првиот светски магазин кој на својата насловна страница стави слика создадена со помош на вештачка интелигенција.
Имено, магазинот ја ангажирал дигиталната уметничка Керен Х Ченг да работи на проектот со примена на системот на вештачка интелигенција DALL-E 2. Се работи за систем создаден од OpenAI, таканаречена лабораторија за вештачка интелигенција, формирана од страна на Microsoft.
Во суштина, DALL·E 2 е систем кој може да создава реалистични слики врз основа на текстуален опис. Тоа е возможно благодарение на огромната датабаза од над 650 милиони слики кои DALL-E 2 е способен да ги комбинира.
Уметничката Ченг за потребите на Cosmopolitan го внела следниот опис: „Широкоаголна снимка одоздола на жена астронаут со атлетско женско тело како чекори со самодоверба кон камера на Марс во бесконечен универзум, синтвејв, дигитална уметност“. За обработка на описот, на системот му биле потребни само 20 секунди, а резултатот е навистина добар.
Изборот на ваквата слика има за цел да ја инспирира младата женска публика која го чита магазинот да се вклучи во сферите на науката, инжинерството и истражувањето на вселената.