По објавувањето на Grand Prix победниците за овогодишното издание на Gerety Awards, единствените креативни награди кои им оддаваат признание на најдобрите остварувања во адвертајзингот од женска перспектива, организацискиот одбор на наградите ги соопштија и имињата на најдобрата агенција и на најдобрата агенциска мрежа за 2021 година.
За најдобра агенција за 2021 е прогласена канадската Cossette, која на овогодишното издание на Gerety Awards освои 1 златна, 2 сребрени и 1 бронзена награда, а 5 пати се најде и во потесниот избор за дополнителни награди.
„Ние сме воодушевени што сме именувани за Агенција на годината на овогодишните Gerety Awards. Заедничката нишка што ги поврзува сите овие креативни дела заедно е хуманоста: специјалната врска на пријателството, издржливоста на болните деца и нивните семејства и тивкото сочувство што произлегува од говорењето на вистината – сите овие кампањи резонираат со нас бидејќи ни рефлектираат делови од споделеното човечко постоење. Да се биде признаен од вакво пионерско целосно женско жири е навистина чест,“ истакнува Питер Игнази, глобален и генерален креативен директор на Cossette.
За агенциска мрежа на годината е прогласена McCann Worldgroup, која на овие Gerety Awards се закити со 1 Grand Prix, 3 златни, 9 сребрени и 3 бронзени ннагради, како и 7 кампањи кои се најдоа во потесниот избор за дополнителни награди.
„Ние сме почестени што сме препознати како Агенција на годината на Gerety Awards, чиј фокус е редефинирањето на креативните стандарди преку наградувањето не само на најдобрите во адвертајзингот, туку и на оние креативни дела кои најмногу резонираат со светски најмоќните потрошувачи. Ние сме особено горди што го примивме ова признание од целосно женско жири, како што нашата мрежа се гордее со својата инклузивност и со влијаниете преку помагање на брендовите тие да добијат значајна улога во животот на луѓето. Сакам да им се заблагодарам на нашите разнолики и талентирани креативни тимови, како и на нашите храбри клиенти кои се спремни на ризици, што соработуваат со нас во продуцирањето на дела кои ги движат нивните бизниси напред,“ посочува Бил Колб, претседател и генерален извршен директор на McCann Worldgroup.
Лусија Онгај, со-основачка на Gerety Awards, заклучува: „Кога се дефинира најдоброто во адвертајзингот преку женската перспектива, ние имаме одговорност да ги прославиме само најдобрите. Огласувачи кои сакаат да знаат како да ги таргетираат светски најмоќните потрошувачи треба само да ја погледнат победничката листа на Gerety Awards“.
Таа листа може да се погледне на следниот линк.