Home » #M365Voice » CreativeVoice: Ива Дујак (Brand Union)

CreativeVoice: Ива Дујак (Brand Union)

Ива Дујак (Brand Union)

M365: Што е она што ќе Ви остане во сеќавање од 2018 година а е поврзано со работата на Вашата агенција?

Многу сум среќна што по години упорност и по малку инает, започнавме да добиваме простор за кампањи кои излегуваат надвор од шаблонот на ТВ реклама со насмеано семејство кое конзумира производ во совршено осветлен простор и прикладна stock музика во позадина. :)

Имавме супер забавни проекти, снимавме со Дупер, ја вративме Миланка Рашиќ на ТВ, правевме патувачки тури низ Македонија со инстаграмџии, организиравме промоција на брод, развивавме комуникација за земјоделие што ни беше вистински предизвик…Направивме доста нови работи за нас интерно но и за клиентите, што ми дава многу надеж и возбуда за она што следува.

M365: Како ја оценувате работата на домашните креативни агенции? Кои кампањи од конкурентските агенции ви оставија позитивен впечаток?

Сметам дека имаме многу простор за унапредување. Многу ми е криво кога со носталгија ми зборуваат дека златното време на маркетингот во Македонија било пред некои десетина години…Не сакам да се помирам дека тоа бил врвот на нашата индустрија, па затоа правам сè што можам да се изборам за повеќе.

Многу сум среќна што имам тим што го поддржува ова и ја дели истата цел. Колку и да звучи необично, (откако ќе пројде првиот бран на „леле како не ни текна“) се радуваме кога ќе видиме реклама на конкурентите која толку многу ни се допаѓа што нè мотивира да сакаме да направиме повеќе и подобро. Веројатно тоа е делот што недостасува, повеќе натпревар, докажување и мерење на силите што сите нас од агенциите ќе нè тера на поиновативни и подобри креативи.

Супер примери од годинава кои нас нè натераа да се замислиме се видео рекламата за EVN со Весна Петрушевска и Скопско за пријатели на Publicis, и Words Have Weight за UNICEF на Идеа Плус.

M365: Кои светски кампањи од 2018 година го привлекоа Вашето внимание?

Ако за претходното прашање малку се подразмислив, тука сум спремна од прва. :) Иако не е огромна Superbowl продукција, е кампања што навистина ми остави голем впечаток, „Кроација је Хрватска“ на Bruketa&Zinic&Grey. Лесно се вљубувам во кампањи каде основната идеја носи голема тежина без премногу дополнително „разигрување“, а тие успеаа во кампања за осигурителна компанија да внесат толку многу топлина, што за нив зборуваше не само цела Хрватска туку и цел свет.

M365: Кои се Вашите желби за нашата креативна индустрија во годината што претстои….што би им порачале на Вашите колеги?

Поконкретни брифови, клиенти кои разбираат и вреднуваат, состаноци на кои самите ќе можат да си задаваат дедлајни и креативни идеи на претек. :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365