M365: Што е она што ќе Ви остане во сеќавање од 2018 година а е поврзано со работата на Вашата агенција?
2018 беше, а и се уште е една од најдобрите години во нашето постоење. Покрај успешната реализација на 10тина нови и големи проекти, како најголем момент во 2018 за Перфект е преселбата во нови канцеларии и во ново, многу поголемо студио. Со новите можности, се зголемуваат и барањата на клиентите, па така
веќе сме во фаза на завршување на 2 интересни видео проекти, за кои повеќе ќе откриеме на почетокот од новата година.
M365: Како ја оценувате работата на домашните креативни агенции? Кои кампањи од конкурентските агенции ви оставија позитивен впечаток?
Во Македонија има навистина одлични агенции, дизајн студија и продукции кои, буквално, во секој нивен проект, пленат со креативност. Оваа година беше навистина богата со интересни кампањи. Би ја издвоил онаа на ЕВН за плаќање сметки оn-line, а посебен впечаток ми оставија “филмските” кампањи на Glitch, за “Исцелител” и за “Bikini Moon”, како и континуираната дигитална кампања на New Media за Mozzart bet.
М365: Кои се Вашите желби за нашата креативна индустрија во годината што претстои….што би им порачале на Вашите колеги?
Нека новата 2019 биде, пред с ѐ , постабилна и поуспешна од претходната. На сите колеги од оваа индустрија, им посакувам повеќе успех и помалку нервози на сите фронтови, како и повеќе интересни проекти кои ќе н ѐ натераат да ги поместиме нанапред сопствените граници, а преку истите да им помогнеме на нашите клиенти да ги реализираат своите деловни планови.