Home » Во фокусот » “Да ги заштитиме децата во сообраќајот” – кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

“Да ги заштитиме децата во сообраќајот” – кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започна кампања насловена како “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, која ќе се реализира во наредниоте три месеци во соработка со МВР, МОН, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.

stojance1

Стојанче Стоилов (РК Вардар)

Вози како секое дете на улица да е твое дете”, “Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил”, “Секое дете заслужува да му се радува на животот” – вака гласат дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од новата кампања.

Познатите актери Тони Михајловски и Дејан Лилиќ, ракометарите Тимур Дибиров и Столе Стоилов, естрадните ѕвезди Панчо ДНК и Симона Попоска, водителката Татјана Стојановска, се прошетаа низ градските улици држејки ги транспарентите на РСБСП со пораки упатени до сите возачи, да внимаваат на безбедноста на најмалите учесници во сообраќајот, децата.

panco dnk

Панчо ДНК

Никој не треба да брза, секогаш ќе стаса 5 минути подоцна и тоа нема да преставува проблем. Тие 5 минути за кои многумина брзаат и невнимаваат додека ги управуваат автомобилите, можат да завијат во тага цела фамилија. Нашите деца се наше богатство затоа кампањата е одлична и верувам ќе допре до сите луѓе во сообраќајот“, истакна пејачот Панчо.

tatjana3

Познатиот фудбалер Дејан Глишиќ, генералниот менаџер на Групер, Нина Ангеловска, водителката Цаци Арсова, Александар Миноски дел од менаџментот на АМСМ, легендата на македонската кошарка Владо Илиевски исто така се приклучија во кампањата, секој на свој начин упатуваќи пораки за почитување на сообраќајните правила и прописи со кои би се зголемила безбедноста на децата во сообраќајот и на тој начин сите би ја постигнале зацртаната цел, а таа е, 0 деца жртви во сообраќајот.

11903976_960921983948832_948721933990731156_n

Оваа кампања организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја приклучува и Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365