Home » Во фокусот » “Да го направиме невидливото – видливо“

“Да го направиме невидливото – видливо“

Домашното насилство врз децата е проблем кој е присутен секаде во светот, го нарекуваат уште и “тивкиот убиец“.

Жртвите живеат во константен страв од губење на нивниот живот или нивната финансиска сигурност ако го предизвикаат гневот на “монструмите“ зад затворените врати.

Многу често, жртвите на домашно насилство не успеваат да го пребродат стравот и проблемот со кој се соочуваат бидејќи недобиле доволна поддршка од другиот родител или опкружувањето кое ете не се осмелило да го пријави овој проблем пред надлежните и наместо тоа одбрало да молчи.

За да го потенцира овој проблем, UNICEF, направи кампања која се состоеше од повеќе билборди кои треба да го истакнат проблемот со кој се соочуваат децата кои се злоставувани во такви околини.

Носечката порака на кампањата е “Да го направиме невидливото – видливо“ со што се мотивираат сите оние кои знаат за некакво семејно насилство да не избираат да молчат, туку истото да го пријават до надлежните служби.

Билбордите дење прикажуваат дете со наведната глава, завиткано во очај….а ноќе се открива причината за сето тоа !

Одлично сработено ! Благодариме UNICEF што се грижите да го направите нашиот свет малку поубаво место за живеење!

БИЛБОРДОТ ДЕЊЕ

 Bilbordot denje

БИЛБОРДОТ НОЌЕ

Bilbord nokje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365