По повод Меѓународниот ден на девојчето (11 октомври), воспоставен од Обединетите Нации, данскиот производител на играчки LEGO ја лансираше новата кампања “Let’s get the world ready for girls” (“Да го подготвиме светот за девојчињата”.
Централниот спот на кампањата отпочнува со прашањето „Како да ги подготвиме девојчињата за светот?“, потоа давајќи одговор дека нема што да ги подготвуваме девојчињата, туку дека тие се веќе подготвени. Ние, од другата страна, треба да го подготвиме светот за нив.
Потоа спотот ги презентира приказните на неколку инспиративни и претприемачки девојчиња кои веќе го редефинираат светот со својата креативност, како што е Фатима – најмладиот иноватор во Обединетите Арапски Емирати, нејзината сестра Шаја која сака да биде првата жена која ќе стапне на Месечината, како и Челзи која е основач на добротворна иницијатива за подарување на уметнички материјали на деца кои не се во можност да ги купат.
Според едно ново истражување на LEGO, девојчината на денешницата чувствуваат сé поголема самодоверба за вклучување во сите видови на креативни активности, но како што стареат, остануваат воздржани од вкоренетите родови стереотипи во општеството.