Ерсте Груп објави ново божиќно анимирано видео кое се фокусира на одржлива иднина
Пристигна најновото божиќно анимирано видео на Erste Group! Четврти пат по ред, банкарската групација со седиште во Виена придонесува за ширење на празничниот дух преку глобална дигитална кампања. Оваа година, анимираното видео на Ерсте Груп се фокусира на иднината на нашата планета и нејзините најмлади жители. Со повеќе од 200 милиони прегледи, колку што забележале нејзините претходни видео приказни, Ерсте Груп стана препознатлив како еден од најуспешните брендови кој редовно објавува божиќни видеа.
Новото божиќно анимирано видео ја обработува темата за климатските промени, преку познати ситуации од секојдневниот семеен живот, за да покаже како и малите гестови можат да доведат до голема промена за подобра иднина. Заштеда на вода, одвојување на отпадот, користење велосипеди наместо автомобили – сето тоа нè поттикнува да се однесуваме одговорно за да им понудиме на нашите деца иднина во која вреди да се живее. Видеото ја раскажува приказната за тоа како еден иден татко бил поттикнат да постапува одговорно размислувајќи за своето неродено дете.
Погледнете го анимираното видео наречено #believeintomorrow
„Иднината ќе биде полна со предизвици за сите. Ќе мораме да го преиспитаме нашето однесување, да бараме алтернативи, да се предизвикуваме себеси и да учиме преку тоа искуство. Овде не се работи само за откажување, туку и за тоа како да ги искористиме можностите на најдобар можен начин и да се развиваме како поединци. Ајде да веруваме во утрешнината“, вели Марио Штадлер, директор за управување со брендови во Ерсте Груп.
За креативната реализација на видеото повторно беше задолжена агенцијата Jung von Matt DONAU. Вернер Сингер, креативен директор на агенцијата, истакнува: „Со текот на годините, видеата што и помогнавме да ги направи Ерсте Груп имаат јасен фокус: да веруваме во себе. Оваа година дополнително ја развивме таа идеја – да веруваме во себе и во иднината. Исто како Јакуб, главниот лик во ова видео, кој секој ден се соочува со избори и се труди колку што може да го подготви овој свет за својата неродена ќерка, која едвај чека да ја запознае.
За анимација беше задолжена лондонската продукциска куќа Passion Pictures, која во претходните години веќе ги претвори во реалност имагинативните светови на божиќните видео анимации на Ерсте Груп. Во соработка со режисерот Марк Воринг, Passion Pictures оваа година создаде свет на имагинација кој е инспириран од процесот на стоп-моушн. Музиката за спотот ја компонираше Soviet Science, додека текстот го напиша Андреас Пуч, главниот партнер и основач на агенцијата Jung von Matt DONAU.
По приказните за ежот Хенри (2018), бумбарчето Хана (2019) и Божиќот на Едгар (2020), ова Божиќно видео е четвртото видео што Ерсте Груп го реализираше во соработка со агенцијата Jung von Matt DONAU и продукциската куќа Passion Pictures. Стандардот беше поставен многу високо: претходните божиќни видеа заедно забележаа повеќе од 200 милиони прегледи и добија повеќе од 50 награди.