Автор: Тодор Стојчевски, сопственик на Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 – Македонија
Светот сè повеќе се глобализира. Се вмрежува. Се зголемува нивото на трансакции меѓу луѓето, меѓу луѓето и машините, меѓу машините и машините. Многу е лесно да се добие информација за случувањата на другиот крај на планетата. Уште полесно е да се стапи во контакт со некој познат или непознат кој живее на илјадници километри подалеку од Вас. Лесно е да тргнете наутро и да стигнете навечер на дестинација за која порано само сте сонувале. Уште полесно е да пратите порака од еден до друг апарат (од Вашиот уред до машината на друг човек) и да размените информација.
Главна улога во глобализацијата на информациите и нивно ставање на агендата кај секој поединец, со користење на придобивките на технологијата, освен медиумите имаат и агенциите за односи со јавност и маркетинг агенциите. Посебно, оваа улога успешно ја реализираат агенциите со раширена мрежа на функционирање во повеќе држави (пр: http://chapter4.mk/), дури и на различни континенти. Затоа што, соработката со агенции кои имаат развиена регионална или меѓународна мрежа на функционирање нуди многу предности.
Да почнеме со најтехничкото прашање – администрацијата. Буквално, клиентот во соработка со ваков тип агенција, потпишува само еден договор за сите држави каде што сака да биде застапуван. Клиентот зборува со еден претставник на Агенцијата, кој е „глас“ и „уво“ на сите свои колеги од други држави, за да ги сослуша барањата и потребите на клиентот, но и да ги пренесе идеите и плановите на Агенцијата.
Олеснување постои и во процесот на плаќање. Имено, клиентот ѝ плаќа на канцеларијата која ја договорила соработката, а потоа внатрешно, Агенцијата во секоја држава го добива она што го заработила. Значи, плаќање е поедноставено и се прави само кон една сметка.
Во составувањето на стратегијата за настапување на одредени пазари учествуваат сите колеги од Агенцијата, иако физички се наоѓаат во различни држави. Интерно, колегите од разни земји прават „бура на идеи“ за ист клиент. Значи, не brainstorming само меѓу колегите во една канцеларија и во исто опкружување, туку на меѓународно ниво, што носи свежи идеи и размислувања. Потоа, лесно е глобалната мисла да ја локализирате согласно потребите на пазарот.
Предност во овој вид здружување и соработка е и креативноста. Многу луѓе – различно размислуваат и нудат решенија кои, честопати, одлично се прифатени од клиентите. Низ размената на идеи, се дефинираат алатки, проекти, настани и медиумска стратегија за унифициран, но многу креативен, настап на пазарите.
Освен креативноста, која секако не зависи од физичкиот број на лица кои учествуваат во процесот, Агенцијата со раширена мрежа канцеларии овозможува и синергија меѓу клиентитеод различни држави. Имено, се овозможува нивна соработка каде Агенцијата се јавува како конекција, поврзувач на потребите и услугите на различните клиенти. Секако, станува збор за паметна употреба на информациите (smart date) во меѓусебна корист на клиентите.
Брзината на активирање на тимовите во регионот каде што работи Агенцијата е одлична предност за клиентот. Доколку имате постоечки клиент во една држава, тогаш останатите канцеларии и колегите од другите земји тоа го дознаваат и лесно се вклучуваат во процесот на соработка за локалниот пазар. Исто така, многу лесно може да се активира тимот во одредена земја кој веќе е „влезен во штосот“ на соработка.
Регионалниот пристап во работењето овозможува и предност при менаџирање со информациите, односно сите промени на државно ниво кои се однесуваат за одредена индустрија, колегите ги споделуваат меѓу себе во интерес на клиентот(country insights). Клиентот многу лесно и брзо, без дополнителни трошоци и оптоварувања, добива информации за другите пазари.
Доколку работите со Агенција со раширена мрежа, тогаш лесно е да се „контролираат“ клучните пораки што ги праќате до целната јавност. Клиентот ја следи реализацијата на решенијата од една позиција и ги сублимира ефектите од кампањата во различните држави.
Лесно и брзо се координираат проектите што течат во повеќе држави. Притоа, клиентот заштедува време, енергија, пари. Заштедува време на телефонски јавувања, не губи време и енергија во преводи на документи, заштедува пари оти не мора да патува во секоја држава посебно.
Затоа што Светот е глобално село, а државните граници веќе се претесни и го ограничуваат бизнисот. Во денешницава и со овој степен на развој на комуникациите, повеќе од неопходно е да се биде дел од „глобалното село“. Токму тоа го нуди соработката со агенциите што имаат раширена мрежа на функционирање во повеќе држави.