Home » Во фокусот » Ања Славковиќ (АД Европа)

Ања Славковиќ (АД Европа)

Да се запознаеме со..“ е нова секција која ја почнуваме деновиве на М365 и во која нашите читатели ќе ги запознаваме со нашите читатели :)

Секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања ќе промовираме професионалци кои знаме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.

Наш денешен гостин е: Ања Славковиќ

Ања Славковиќ

Ања Славковиќ

Име и презиме: Ања Славковиќ
Компанија:АД Европа Скопје
Работна позиција: Стручен соработник по маркетинг

 

М365: Кон што е насочено вниманието на компанијата во моментов?

Природата на маркетинг комуникациите е променета во однос на тоа како изгледала пред 50, 30, па дури и пред помалку од 10 години. Токму затоа, ЕВРОПА како компанија со долгогодишна традиција и успешно постоење, во моментов, има за цел да ја зајакне својата позиција на пазарот, следејќи ги трендовите во однесувањето и потребите на потрошувачите, со особен акцент на младата популација. Современите потрошувачи имаат на располагање неверојатно голема понуда и избор. Во такви услови, квалитетот, сам по себе, не е доволен. Со обезбедување на конзистентно позитивно искуство преку производ со висок квалитет, се создава лојалност кај потрошувачите, бидејќи купувачот веќе создал релација со производот и му верува на истиот. Лојалноста кон брендот е победничка стратегија за стекнување и задржување на потрошувачите, а квалитетот на производот е тој кој ги принудува постојано да се враќаат назад.

Бренд свесноста за ЕВРОПА е на високо ниво, особено кај постарите купувачи, а наша цел е да ја зголемиме истата кај идните и младите генерации. Создавањето на брендот е креативен процес кој бара многу иновативност, знаење и искуство, бидејќи станува збор за создавање на единствени карактеристики во форма која потрошувачите знаат да ја ценат. Креирањето на свесноста за брендот претставува и креирање на емоциите на широката јавност за компанијата, односно за производот и игра критична улога во донесувањето на одлуката за купување.

Современите медиуми имаат големо влијание врз животот на луѓето, а со тоа и врз начинот на комуникација на брендовите со потрошувачите. Технологијата и интернетот фундаментално го сменија начинот на интеракција и комуникација. Дигитализацијата на медиумите во основа ја измени врската која ЕВРОПА како бренд ја има со своите потрошувачи.

ЕВРОПА во последниот период вложува големи напори кон продлабочувањето на врската со своите потрошувачи, особено со помладата популација, впуштајќи се во постојана двонасочна комуникација со нив. Голем стимул за нас е фактот дека ЕВРОПА е одлично прифатена на социјалните мрежи Facebook, Twitter и Instagram, каде постои константна интеракција со фановите. Нивниот интерес и самите емоции кои ги имаат за нашите производи и воопшто за ЕВРОПА – како силен македонски бренд, ни претставуваат голем поттик и понатаму да се ангажираме и да им го даваме на нашите потрошувачи/фанови најдоброто од нас. Социјалните медиуми ја нудат можноста за неограничена и постојана интеракција преку која корисниците можат да креираат, споделуваат и разменуваат содржина, а гледано од аспект на брендовите тие се појдовна точка за една нова ера во личната интеракција и придонесуваат за транспарентноста на компаниите.

Во мај оваа година, стартуваше и маркетинг кампањата “Европа – Фабрика за задоволства“, која е повеќе насочена кон развивање на поголема свесност за самиот  бренд и истата наидува на одличен feedback од потрошувачите. Кампањата беше присутна низ повеќе медиуми во форма на Тв спотови, web банери, радио реклами, билборди, реклами во списанија и брендинг на двокатните автобуси низ Скопје. Кампањата беше активна и во септември и ќе има повторен трет бран во декември пред новогодишните празници.

Tea-moderna-[205x295]-5mm (1)evropa jpg Tea-moderna-[205x295]-5mm

Целта на оваа кампања е да ја претставиме ЕВРОПА како извор на задоволство уште од 1882 година и бренд кој е присутен отсекогаш на овој пазар, но сепак е способен да се трансформира во атрактивен бренд за современиот потрошувач.

Доказ за тоа дека ЕВРОПА работи на постојана афирмација на својот бренд се постојаните активности насочени кон подобрување на вкупниот комуникациски и маркетинг микс. Во текот на оваа година, покрај маркетинг кампањата беше пуштен во употреба нов веб сајт; постојано се спонзорираат настани од различен карактер; се присуствува на најголемите светски саеми за кондиторска индустрија; се реализираат продажни промоции на новите производи (Елит чоколадите и ICE бонбоните) во супермаркетите каде потрошувачите имаат можност за дегустација.

М365: Кои се главните цели на АД Европа во наредната 2015 година и како планирате да ја прилагодите комуникациската стратегија во реализирање на истите?

Како во изминатиот, така и во наредниот период е планирана зголемена маркетинг активација во однос на градење и развивање на поголема свесност и поволен имиџ за брендот, градење на емотивна поврзаност со нашите производи, правилно позиционирање, и создавање на позитивни ставови и мислења. Се работи на освежување на старите и креирање на нови амбалажи на производи со цел унапредување на визуелниот идентитет на нашиот асортиман. На овој начин се доближуваме до поновите генерации, подарувајќи им квалитетни производи и задржувајки ја врската со традицијата. Со следење на понудата од кондиторските производи на пазарот се воочува дека се повеќе амбалажата е важен дел од марkетинг миксот и новото петто “P“ (“5P – Packaging“) и дека често е пресуден елемент за прво купување на производот. Но сепак доколку купувачите не се задоволни од квалитетот, амбалажата не би помогнала во остварување на повторно купување на производот. Затоа овие два елементи не се исклучуваат еден со друг и следствено одат заедно, поради остварување на силна врска и задоволство кај потрошувачите. Поради ова се превземаат активности за ребрендирање на дел од производите, воведување на нови модерни – трендовски материјали за пакување на одредени производи. Се води грижа новите дизајни на пакувањата да ги следат светските трендови, се со цел производите со својот квалитет и со својот изглед да се доближат до познатите марки на кондиторски производи.

ЕВРОПА како бренд го вреднува вклучувањето на купувачите во „својата приказна“, на ист начин како што го вреднува креирањето на производи со висок квалитет.  Она кон што се стремиме е да создадеме долгорочна емотивна врска со потрошувачите, и на тој начин да придобиеме уште полојални и позадоволни купувачи, бидејќи вклучувањето на потрошувачите е од клучно значење, за реализирање на една успешна маркетинг кампања. Воспоставувањето на процес на интеракција со потрошувачите и нивното интегрирање во процесот на работа претпоставуваат маркетинг микс кој е фокусиран на континуиран развој на односот со потрошувачите и остварување долгорочен профит.

Луѓето имаат сè помалку време, темпото на животот е многу брзо, а на брендовите единствено им останува да пронајдат начин, да се прилагодат на тоа темпо и понатаму да комуницираат со своите потрошувачи. Градењето силен бренд е клучно за секоја компанија, односно пронаоѓањето начин како луѓето најуспешно да ги препознаат компанијата и брендот како и да стекнат доверба кај потрошувачите. Токму затоа во наредниот период ЕВРОПА ќе се насочи на креирање на поголема свесност за брендот и создавање на модерен имиџ, несомнено задржувајќи го синонимот за квалитет.

Колегите можат да Ве контактираат на:

Linkedin:    mk.linkedin.com/in/aslavkovic                                            

Twitter:@marketerkata

Email: anjas@evropa.com.mk

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365