Во текот на вчерашниот неделен ден излегоа неколку неофицијални информации дека две од најголемите адвертајзинг групации, двете од Њујорк, Omnicom и Interpublic (IPG) се во завршна фаза од идејата да се спојат и заднички да ја создадат најголемата светска адвертајзинг групација.
Според информациите со кои располагаме, Omnicom ќе даде понуда за купување на IPG што би изнесувала помеѓу 13 и 14 милијарди долари.
Ако оваа трансакција биде успешна, тогаш претпоставениот комбиниран приход би изнесувал околу 25 милијарди долари, согласно бројките од 2023 година, што би било убедливо најмногу во споредба со остантите конкуренти.
Да потсетиме, групацијата која во моментов предводи по приход меѓу адвертајзинг гигантите – британската WPP во 2023 година имаше приход од околу 15 милијарди долари, а францускиот Publicis, кој ја заокружува големата четворка, во 2023 година оствари околу 13 милијарди долари приход.
Omnicom и IPG во својата мрежа на агенции ги вклучуваат некои од најзначајните адвертајзинг играчи како што се BBDO, TBWA, FleishmanHillard, Omnicom Media Group, McCann Worldgroup, Weber Shandwic и IPG Mediabrands.
Сепак, останува да видиме наредните денови и како регулаторите ќе постапат во врска со оваа намера, сеќавајќи се и на неуспешниот обид за спојување на Omnicom и Publicis во 2013 и 2014 година кој требаше да “тежи” околу 35 милијарди долари и за кој пишувавме на Маркетинг365.мк (ЛИНК) уште пред 10 години :)