Организаторите на Гетебуршкиот филмски фестивал имаат намера да го променат начинот на кој се искусува киното преку изведувањето на масовна хипноза на публиката пред проектирањето на три филмови од нивниот репертоар.
Таканареченото „Хипнотичко кино“ е опишано како извонредно умствено искуство кои има за цел да ја истражи можноста за интензивирање на начинот на кои ги искусуваме филмовите.
Во суштина се работи за кратко видео на хипнотички спорали комбинирани со рекреации на познати сцени од филмови како Donnie Darko, The Shining и It, проследени со звуци на сурф-рок карактеристичен за филмовите на Квентин Тарантино.
Проекциите ќе се одржуваат од 28 јануари до 6 февруари, при што сите љубители на кинематографијата кои сакаат да учествуваат во хипнотичкиот експеримент треба да го регистрираат својот интерес за учество на специјален веб-линк.
Настанот се организира со помош на креативната агенција Stendahls.