Немаат само луѓето корист од употребата на VR технологија.
Фармери од околината на Москва направија интересен експеримент – модифицираа VR кацига која може да ја носат крави, со цел да утврдат дали можат на тој начин да го подобрат нивното расположение. VR-екраните проектираат симулирано сончево поле, со светли бои кои ги стимулираат очите на животното, оставајќи им впечаток дека се на отворено поле, а не во некоја штала.
Се покажа дека експериментот е успешен, барем на некое основно ниво. Првиот тест покажа дека кравите биле помалку нервозни и станале почувствителни. Во овој момент, сè уште не е познато дали постои директна врска помеѓу подобрување на квалитетот или количината на млеко кои ги давале кравите, но постојат планови да се направи сеопфатна студија на оваа тема.
Се разбира, има неколку прашања на кои не е тешко да се даде одговор. На пример, зошто кравите да не се пуштата на ливада наместо да носат VR кациги? Финансискиот аспект не треба да претставува проблем овде, бидејќи секако е поевтино да се изнајмува ливада отколку да се набават VR кациги за секоја крава на фармата.
Друг проблем што се јавува е од логистичка природа – напојување на ваквите VR кациги. Тие мора да имаат свој извор на енергија, но тие исто така мора и да се наполнат. Дури и на помалите фарми, со неколку десетици крави, ова ќе биде сериозен проблем. Останува и проблемот на стрес што може да се појави кога ќе се отстранат кацигите од очите на кравите и кога ќе се вратат во реалност … Со други зборови, оваа идеја, дури и ако се покаже како ефикасна, веројатно ќе остане само на ниво на истражување.