Деновите кога на децата им се кажува нешто „за нивно добро“ и тврдењето дека се работи за „факт“ се’ повеќе изгледа дека станува дел од минатото преку лесниот пристап до инфорамции на интернет, што на децата им овозможува да „проверуваат факти“ во врска со скоро се’, вклучувајќи и прашања за кои би се срамеле да прашаат.
Имајќи го ова на ум, огласувачот Spark и агенцијата Colenso BBDO лансираа нова кампања според која треба да се слави моќта и можноста која следната генерација ќе ја има, благодарение на иновациите во гласовните технологии.
Кампањата ја прикажува револуцијата која на една нација љубопитни деца им овозможува брза проверка на информации до кои претходните генерации би имале потешкотии да дојдат.
Дел од кампањата е едноминутен спот кој прикажува деца кои со помош на гласовни асистенти доаѓаат до одговори за некои „големи“ прашања како „Дали заленчукот ќе ме направи повисок?“, „Дали штркот навистина ги носи децата?“ и „Дали интернетот навистина се исклучува во 7 часот попладне?“
„Денешните деца ќе растат со гласовните асистенти како нормален дел од нивниот живот, исто како претходните генерации кои пораснале со мобилни телефини и интернет,“ изјави Сара Вилијамс, директор за бренд комуникации во Spark.
„Постои тој магичен период на возраст помеѓу 4 и 7 години, кога децата се’ уште учат да читаат, но се поспособни за технологија отколку многу возрасни. Тука моќта на гласот може да дојде до израз,“ додава Мајк Дејвидсон, креативен директор во Colenso BBDO.
Покрај главниот спот, кампањата ќе вклучува и серија на пократки 15-секундни видеа кои ќе се фокусираат на поединечни деца, а ќе има и активно учество на социјалните медиуми и принт реклами.
Credits
Client: Spark
Sarah Williams, Brand COE Lead
Hannah Watson, Brand Lead Partner
Agency: Colenso BBDO
Media: PHD
Production company: Finch
Sound: Franklin Road