Шведскиот бренд за производи од овес Oatly се спротивставува на Европскиот Парламент преку дигитална кампања која има за цел да ги спречи потенцијалните регулаторни рестрикции наменети за пакувањата на производи од растително потекло.
Централниот спот на кампањата прикажува припадници на јавноста кои се обидуваат да разликуваат помеѓу производи од природно млеко и од растително потекло, само врз база на нивното пакување. На крајот, откако сите испитаници ќе погодат точно за миг, рекламата заклучува: „Испаѓа дека луѓето не се глупави“.
Потоа гледачите се пренасучуваат кон линк до петиција против намерата на Европскиот парламент да донесе законски измени (амандман 171) со кои би можеле да се забранат фрази како „без млеко“ и „кремасто“ на пакувања за пијалоци од растително потекло, под оправдување дека се „заблудувачки“.
Во друга реклама од кампањата, Oatly пред испитаниците се обидува да ја илустрира непрактичноста на нивниот производ во други форми на пакувања, како кофи и спрејови, со цел да ја докаже поенатата дека ако пакувањето изгледа како она за природно млеко, тоа сепак не значи дека брендот се обидува да ги измами љубителите на млеко.
Како дел од кампањата беше лансиран и онлајн тест за „глупавост“, во кој потрошувачите можат да ја тестираат својата способност да разликуваат помеѓу производи од млеко и од растително потекло.
Кампањата е создадена in-house, под водство на креативниот директор на Oatly, Мајкл Ли.