Почнувајќи од месец ноември, Данка Трбојевиќ е нова директорка на агенцијата Drive. Данка има повеќе од 12 години искуство во областа на комуникациите, од кои 10 години во областа на дигиталниот маркетинг. Во својата досегашна работа, соработувала со меѓународни тимови и прилично добро е запознаена со стратешките процеси и дигиталното опкружување. Со тимот на ефикасни и ангажирани професионалци на агенцијата Drive ќе работи на понатамошно развивање на дигиталните капацитети и иновативни услуги. Пред да се врати во агенцијата Drive, каде се здоби со големо искуство, Данка беше директор на здружението IAB Србија, каде што успешно работеше на развивање на локалниот дигитален и интерактивен маркетинг.
„Горда сум што повторно сум дел од овој голем и успешен систем. Агенцијата Drive има тим на одлични професионалци, а во наредниот период заеднички ќе ја зајакнеме нашата индивидуална и колективна посветеност за развој на агенцијата и трасирање на нови правци на работењето. Дигиталниот свет секојдневно отвора нови предизвици и во ова предизвикувачко патување важно е секој член на тимот да има простор за иницијатива, креативност и со самото тоа целосна сатисфакција од сработеното. “
Данка дипломирала на Катедрата за филм и телевизиска продукција на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде ги завршила и постдипломските студии. Таа е предавач на постдипломски студии по Реклама и Медиуми на истиот факултет. Поседува MBA диплома од областа на маркетинг комуникации.
Агенцијата Drive е дигитален hub во I&F Grupа во рамките на која работи од 2015 година и е стратешки партнер на своите клиенти, што им дава дополнителна вредност на пазарот со цел остварување на нивните задачи и постигнување успех во работењето.