Француската мултинационална корпорација за прехрамбени производи Danone спроведе успешна ревизија по која го консолидираше својот глобален медиски договор.
Најголем победник на ревизијата е агенцијата Wavemaker, од групацијата на WPP. Агенцијата претходно ги опслужувала Danone во однос на нивните медиски операции на неколку клучни пазари како САД и Европа, а со новиот договор, Wavermaker ќе биде задолжена и за медиските операции на компанијата во Југоисточна Азија и Латинска Америка, како и за дигиталните активности во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Под капата на Danone за наоѓаат голем број на млечни, растителни и водни прехрамбени брендови, како Evian, Alpro, Actimel, YoPro, Two Good Yoghurt, A2 Milk, Nutricia, Volvic и други.
Меѓутоа, како што самата компанија им признала на своите инвеститори при презенатацијата на минатиот извештај во март, Danone заостанувала во промотивните и огласувачки активности за своите производи во однос на конкурентите.
Со цел да се адресира овој проблем, компанијата одлучила да вложи дополнителни 300 милиони евра за поддршка на своите брендови во текот на следните 24 месеци.
„Ќе ја создадеме видливоста што нашите брендови ја заслужуваат за да се искомуницира нивната супериорност и диференцијација. Нашите инвестиции во таа област ќе ни овозможат да фатиме чекор и повторно да станеме конкурентни на пазарот“ – посочи Јурген Есер, генерален финансиски, технолошки и податочен директор на Danone.