Дарко Лазаревски, ко-сопственик и извршен директор на агенцијата Кајгана Медиа е избран за нов претседател на IAB Македонија, здружението посветено на развивање и унапредувањe на дигиталниот адвертајзинг во Република Македонија.
На вчерашното изборно собрание кое се оддржа во “Њу Момент“, Лазаревски ја доби поддршката од членовите на ИАБ кои во него препознаа најсоодветна личност за справување со тековните предизвици со кои се соочува македонскиот дигитален пазар и соодветен наследник на првиот претседател Савица Кусикатски
За потпретседател на здружението вчера беше избрана Катерина Грозданова од Он.нет, додека за секретар Никола Анчевски, медиа-директорот на агенција Дирецт Медиа.
Исто така на вчерашното собрание беа избрани и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор на здружението а беше продискутирано и за неколку идни активности (ИАБ Кафе, курсеви, обуки…) кои ќе имаат за цел да го иницираат вмрежувањето на луѓето од индустријата и споделувањето на новите светски трендови на полето на дигитален маркетинг.
Маркетинг365 му посакува многу успех во работата на новиот претседател со надеж дека ќе имаме прилика да пишуваме за многу позитивни промени на македонскиот дигитален пазар иницирани токму од ИАБ !