По повод лансирањето на новата минисерија Obi-Wan Kenobi од франшизата Star Wars, Disney+ постави хиперреалистичен тродимензионалн билборд од негативецот Дарт Вејдер на познатиот Тајмс Сквер во Њујорк.
Минисеријата се фокусира на судирот помеѓу џедај-мастерот Оби-Ван Кеноби и сит-лордот Дарт Вејдер, а граѓаните на Њујорк ја имаа можноста да го видат овој вториот како излегува од внатрешноста на една зграда, злобно ги набљудува минувачите и заканувачки мавта со својот црвен ласерски меч.
Ваквите современи билборди, во кои границата помеѓу физичката и виртуелната реалност станува нејасна, се веќе доста популарни во големите метрополи на Кина, Јужна Кореа и Јапонија, а сега пробиваат и на американскиот пазар. Па, прашање на време е кога тие ќе ги видиме и на европските пазари, вклучително и кај нас.
Билбордот на Disney во Њујорк е создаден со помош на компанијата за дисплеј технологија OLEDSpace и студиото за визуелни ефекти ILM.