Собранието на HURA (Хрватско здружение за деловни комуникации) вчера избра ново раководство на здружението кое ќе претседава во наредните четири години. За Претседател на Управниот одбор на HURA е избран Г-дин Давор Брукета од агенцијата Bruketa&Žinić, додека пак останати членови на Управниот одбор ќе бидат и Божидар Абрамовиќ (OMD Media), Даниел Акерман (Degordian), Марио Фрацуљ (McCann Zagreb) и Андреа Штимац (Direct Media Komunikacije).
Новоизбраниот претседател на HURA, Давор Брукета по повод именувањето изјави : “Новото раководство на HURA пред се ќе работи на зголемување на извозот и користењето на заедничките знаења за ширење на нови пазари. Освен тов, ќе работиме и на детектирање и привлекување на нови членови, на сите вистински учесници во нашата индустрија и нивно обединување околу заедничките предизвици и нивните решенија а исто така ќе се посветиме и на воведување на нови сертификати во струката. Ќе продолжиме со досегашните успешни проекти како што се националниот фестивал “Денови на комуникациите”, регионалната ревија BalCannes и HowToWOW едукативната програма, кои беа изградени од досегашното раководство на чело до Дамир Циглар од агенцијата Imago и сеуште извршната директорка Дуња Ивана Балон“.
Покрај управниот одбор, избрани се и нови членови во неколку работни тела на HURA. За нов претседател на Собранието избрана е Андреа Шумановиќ (Unex Grupa), а функцијата подпретседател ќе ја извршува Крешимир Рензо Просоли (Real Grupa). Во судот на честа се избрани и Камило Антоловиќ (K&K promotion), Лука Дубоковиќ (BBDO Zagreb) и Невен Јацменовиќ (Nivas).