(РЕГИОН) – Речиси двојно повеќе пријави и повисоко ниво на кампањите кои учествуваа. Тое е резултатот од шеснаесетото издание на рекламниот фестивал ФАРА, кој се одржа на 12 септември во Бугарија. По четиридневниот форум и гласањето на жирито, престижната награда ‘Креативна агенција на годината’ беше доделена на DDB Sofia. Агенцијата ја доби оваа титула по освоените 1 златна, 5 сребрени и 3 бронзени награди.
Reforma ја доби титулата ‘Медиска агенција на годината’ – со 1 златна и 2 бронзени награди во медиските категории на натреварот.
За ‘Огласувач на годината’ беше прогласен UNHCR Bulgaria (Врховен комесаријат за бегалците при Обединетите Нации за Бугарија), која за реализираните кампањи доби 6 награди.
И двете највисоко оценети агенции не ги добиваат титулите по прв пат. DDB Sofia го има добиено признанието ‘Креативна агенција на годината’ во 2010, 2012 и 2013 година. Reforma, од другата страна, го добила признанието ‘Медиска агенција на годината’ во 2011 и 2012.
Победниците на кретивниот натпревар од 2014 година, Noble Graphics, оваа година доби 1 сребрена и 4 бронзени награди, додека првата од медиските агенции од минатогодишниот фестивал – Next-DC, немаше пријавени кампањи во 33 категории на овогодинешната ФАРА. Интересни тенденции на пазарот се забележани и кај огласувачите – откако минатата година ‘Огласувач на годината’ беше прогласен Dnevnik.bg, оваа година повторно најнајрадуваните кампањи беа реализирани за огласувач со социјални и опшествена насоченост. На второто место во натпреварот се пласира ‘Теленор’, чии кампањи, реализирани од DDB Sofia, беа основната причина за агенцијата да биде наградена со првото место во категоријата ‘Креативна агенција на годината’.
Тесна трка
На второто и третото место во категоријата за најдобра креативна агенција се New Moment New Ideas Company и Tribal Worldwide Sofia со освоени 8, односно 7 награди. При медиските агенции за првото место се бореа и Moment New Ideas Company (кои беа втори за само еден поен помалку од победниците) и Saatchi&Saatchi, кои беа наградени со 2, односно 3 одличја.
Жирито по втор пат во историјата на фестивалот ја додели и наградата Grand Prix, која има за цел да истакне “една единствена кампања независно од категоријата, која жирито смета дека не е само најдобра бугарска реклама, туку и пример индустријата и надвор од Бугарија”. Тоа беше кампањата ‘Животот на Хана’ на New Moment New Ides Company, реализирана за UNHCR Bulgaria.
Оценувањето
Наградите за медиска и креативна агенција на годината се врачуваат врз база на број на поени, кои секоја агенција ги добила за наградените кампањи. Бодувањето на кампањите беше променето пред неколку години, па така сега секој член на жирито може да даде ‘злато’, ‘сребро’ или ‘бронза’ на избраните од него кампањи. Тие носат соодветно 7, 5 и 3 поени, а кампањите кои стигнале до финале се оценуваат со 1 поен. Разлика има само во категориите ‘Комуникациска кампања’, ‘Медиска кампања’, ‘Интерактивна кампања’ и ‘Дигитална кампања’, така што при првите две категории, оценките на жирито носат соодветно 10, 8 и 6 поени, а при вторите две – 8, 6 и 4 точки. Финалистите во четирите категории добиваат 2 бода.