Liquid Death („Течна смрт“) е американски бренд на вода кој реши да се истакне од своите конкуренти така што усвои имиџ на пиво – се продава во лименки, логото е „страшен“ череп, а „опасното“ име е испишано во „опасен“ готички фонт.
Токму поради ваквиот пристап на брендирање, еден дел од јавноста сé уште не е свесна дека Liquid Death претставува вода, а не пиво. Но, тоа е всушност целта на брендот.
Играјќи на оваа амбивалентност, брендот за време на одигрувањето на Super Bowl емитуваше реклама која многумина може да ја оценат како „контроверзна“, но сепак забавна и хумористична.
Спотот прикажува група на деца кои се забавуваат и „пијанчат“ со Liquid Death, додека во позадина оди песната “Breaking the Law” („Кршејќи го законот“) од класичниот метал бенд Judas Priest.
На крајот дури се појавува и една бремена жена, која надгледувајќи ги децата, исто така пие од лименка Liquid Death.
Спотот завршува со пораката: „Не се плашете. Тоа е само вода.“