Американскиот бренд на веганско млеко Silk Nextmilk се реши да се надоврзи на иконичната кампања “Got Milk?”, реинтерпретирајќи ја во форма на “Got Silk?”
Одејќи еден чекор понатаму, брендот ги ангажираше децата на некои од познатите личности кои учествувале во старите реклами на “Got Milk?”, со цел да ги рекреира под новиот слоган “Silk Next Milk”.
Па така, во новата кампања ги гледаме Бруклин Бекам (син на Дејвид Бекам), Ела Траволта (ќерка на Кели Престон и Џон Траволта), Сејлор Бринкли Кук (ќерка на Кристи Бринкли) и Мајлс О’Нил (син на Шекил О’Нил).
Пораката на кампањата е симболична, укажувајќи дека веганското млеко е всушност новата генерација на млеко, како подобра верзија на претходното.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Orchard.