Промо тимот на Радио Канал 77, по трет пат го реализираше проектот „Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“
На апликацијата за овој проект, годинава пристигнаа преку 100 новогодишни желби, цртежи и пораки до дедо Мраз од сите краишта на Македонија. Проектот годинава беше реализиран во соработка со Осоговски млечни производи, Тримакс книжарнци, детски играчи Андреј Компани и брендот Сара Колант.
Дечињата со најкреативните пораки, желби и цртежи ги посетивме во нивните домови со многу подароци од спонзорите на проектот.
Во продолжение е видео материјалот и галерија со фотографии од реализацијата на проектот.