Брендот на чипс Lay’s, како официјален спонзор на фудбалската Лига на шампиони на УЕФА, ја лансираше новата кампања “No Lay’s, No Game” („Нема Lay’s, нема игра“), ветувајќи вредни награди за фудбалските фанови грицкаат чипс за време на натпреварите.
Главни лица на новата кампања се фудбалските легенди Дејвид Бекам и Тиери Анри, а централниот спот бил снимен само пет минути пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на Милан и Париз Сен-Жермен во ноември 2023 година. Дејството се случува во живо на стадионот Сан Сиро во Милано, пред 75.000 гледачи.
Во спотот, двајцата легендарни фудбалери остануваат без чипс и се вклучуваат во живо на големиот екран во стадионот, обраќајќи се до публиката со барање на нова ќеса Lay’s. После неколку обиди и хумористични интеракции, камерата успева да улови татко и ќерка со Lay’s, кои добиваат покана да го следат натпреварот во друштво на Дејвид Бекам и Тиери Анри.
Но, кампањата не запира на Сан Сиро. За навивачите кои не биле присутни на тој натпревар, Lay’s воведува дигиталното искуство со кое ќе ги наградува фановите со возбудливи награди, ексклузивни содржини и билети за финалето на Лигата на шампионите во Лондон. За да учествуваат, навивачите треба само да докажат дека имаат Lay’s со себе додека гледаат натпревар, преку скенирање на QR-кодот присутен на рекламите и социјалните канали на брендот.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Slap Global, додека пак спотот бил режиран од страна на Ендру Лејн.