Британскиот сервис за достава на храна Deliveroo го продолжува своето креативно истражување и претставување на однесувањето, ритуалите и практиките на луѓето при нарачката, примањето и консумирањето на храна.
Брендот ја лансираше новата кампања “How do you Diliveroo” („Како вие го Diliveroo“) на 11 пазари низ светот во кои оперира компанијата. Според Deliveroo, кампањата се обидува да ги урне културните бариери покажувајќи дека јазикот на храната е заеднички за сите.
„Знаеме дека јадењето е важно, но како всушност го јадеме е она што го прави лично, незаборавно и емотивно. Ова е фокусот на нашата нова глобална кампања“ – истакнува Тина Колер, потпретседател за маркетинг на Deliveroo.
Серијата на видео реклами од кои е составена кампањата почнува со „Нарачката“ – спот кој го одразува чувството на возбуда и исчекување при поставувањето на вашата нарачка.
Емоциите стануваат уште посилни со „Пристигнувањето“, прикажувајќи како луѓето се подготвуваат во својот дом, за сé да биде совшрено и на место кога нарачката ќе пристигне до нивната врата.
Конечно во „Последната пирошка“, се прикажува шаховското надмудрување и борбата како да се стигне до последното парче од нарачаната храна, кога се соочувате со силна конкуренција од вашите домшани или цимери.
„Исто како вистинската љубов, нашата омилена храна нè тера да се однесуваме на смешни начини. Бидејќи се шампиони на одличната храна, Deliveroo го разбира тоа и постои за да им служи на тие еклектични вкусни однесувања“ – посочува Ден Ватс, извршен креативен директор на агенцијата Pablo, со чија помош се реализира кампањата.