Еден од најголемите холдинзи во регионот Делта Холдинг од Србија, од пред неколку дена го претстави својот нов визуелен идентитет и слоган – Creating Business.
Белградската креативна агенција Coba & Associates го дизајнираше логотипот за Делта Холдинг и поедините членки кои ќе бидат користени во прикажувањето на сите останти елементи на корпоративниот идентитет на холдингот.
Новите логотипи на Делта Холдинг и членките, како и придружните графички елемнти, ја карактеризираат виталноста и стабилноста и современата, чиста и јасна форма, изразена во ведри бои.
“Уверени сме дека ваквиот визуелен идентитет на вистински начин на јавноста и ја пренесува сликата за компанијата која е заснована на цврста визија и традиција, која е истовремено спремна да се менува во склад со времето во кое што работи. Делта и понатаму во своите темелни вредности има цел да остварува најголеми достигнувања, да биде етична и иновативна, но пред се да води сметка за своите луѓе“, порачуваат од Делта Холдинг.
Извор: MarketingMreza