Американската телекомуникациска компанија AT&T објави нова хумористична реклама за промоција на својот супер брз интернет, во која главни ѕвезди се холивудските актерки Мила Кунис и Деми Мур.
Покрај тоа што и двете актерки се познати по својата холивудска успешност и по својата убавина, тие исто така имаат романтична историја со актерот Ештон Качер, но и оделе во истото средно училиште.
Овие паралели се искористени за премисата на новата реклама на AT&T, која ни прикажува свечен собир на поранешни соученици од средното училиште Fairfax во Западен Холивуд.
Притоа, на церемонијата се доделува награда за „колега на кој најмногу му се восхитуваат“. Двете актерки се убедени дека тие ќе ја понесат титулата, а во тоа се охрабрени и од своите пријателки на различни маси. Така, и двете актерки тргнуваат кон бината.
Но, на нивно големо изненадување, наградата оди кај трета колешка, која е првата од сите нив која добила супер брз интернет од AT&T – „првиот Гигилионер“, па сега сите други ѝ се восхитуваат и завидуваат.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција BBDO.