На фестивалот пристигнаа повеќе од 30 000 пријави од 89 земји ширум светот
66 издание на најголемиот и највлијателен фестивал на креативност во светот, Cannes Lions 2019 започнува денес и ќе трае до 21 јуни 2019 година, а организаторите потврдија дека пристигнале вкупно 30 953 пријави за наградите оваа година. Како и секоја година, организаторите на Cannes Lions сакаат да ги понудат најактуелните и најважните сознанија и да ги покријат темите кои навистина ќе ја допират целата индустрија.
Оваа година се воведени две нови награди, со цел да им се даде на огласувачите и агенциите можност да се изразат во сите аспекти на индустријата. Наградата The Creative Strategy Lions за првпат ги препознава креативните стратези, а пријавени се 848 проекти, а втората нова награда The Entertainment Lions for Sport доби 702 апликации.
Филип Томас, претседател на Cannes Lions, изјави: “Промените што ги направивме во структурата на наградите во 2018 година резултираа со повторно фокусирање на лавовите. Индустријата се концентрира на апсолутниот квалитет на апликациите, овозможувајќи им на сите во комуникациската индустрија, а особено на брендовите, да ги споредат своите резултати со најдобрите во светот. Со нетрпение очекуваме да ги видиме најквалитетните кампањи во дури 27 различни дисциплини оваа година”.
Фестивалот го очекува најразновидна меѓународна заедница досега – делегати од повеќе од 100 земји, глобални и независни агенции, иновативни брендови и технолошки компании, консултанти и забавни платформи, како и повеќе од 100 светски брендови кои ќе се качат на сцената – ќе се соберат за неколку дена на едно место и ќе разменуваат знаења.
Сајмон Кук, извршниот директор на Cannes Lions, додаде: “Видовме највисоки стандарди на креативните индустрии од цел спектар на дисциплини во разновидноста на пристапот, луѓето и перспективите. Преку напредокот на индустријата, се радувам што што ќе посматраме како новите дисциплини отвораат простор за нови влијанија за своите клиенти. “
Глобалното жири веќе вредно работи на оценување и наградување на креативната извонредност од целиот свет, а добитниците на Лавовите ќе бидат објавени на церемониите за доделување наградите за времетраењето на целиот фестивал од 17-21 јуни.