Јубилејниот 20 SEMPL во наредните два дена ќе обезбеди одлична програма, гала награди и одлична забава
Денес во Порторож почнува јубилејното 20 издание на фестивалот SEMPL, кој ќе биде домаќин на повеќе од 1.200 професионалци од медиско-комуникациската индустрија, кои во текот на два дена на фестивалот ќе имаат можност да се запознаат со глобалните трендови во маркетингот, медиумите и комуникациите.
Во рамките на фестивалот ќе бидат доделени и традиционалните награди Sempler, а за нив се пријавени повеќе од 90 кампањи од шест земји во регионот. Организаторите, исто така, подготвуваат богата програма, со експерти од најголемите светски медиуми, како што се Фејсбук, Вашингтон Пост и Вибер, како и некои од најрелевантните говорници на конференциите низ целиот свет.
Ќе има и богата забавна програма, а деталите за целата програма на фестивалот погледнете ја во продолжение.
Првиот говорник денес е Питер Хинсен кој ќе ги подготви учесниците за иднината која доаѓа порано отколку што мислиме. Директорот за меѓународна продажба на американскиот весник Вашингтон Пост и претседател на WorldMediaGroup, Ема Винчарч Бел, ќе открие дека квалитната содржина привлекува повеќе читатели, а со тоа и огласувачи.
Приказната за медиумите ќе продолжи со Фејсбук, па Рустам Зиганишин, партнер за продажба во Централна и Источна Европа ќе се појави на сцената за да разговара за се поголемата важност на мобилните и видео содржини.
Д-р Андреа Малгара, извршен партнер на Media Puls Group од Германија, знае многу за ефикасноста на видео форматот. Дејвид Браер, американски експерт за брендирање, предвидува дека ќе преживеат само брендовите кои директно ја поврзуваат својата комуникација со нивните производи и луѓето. Во својот говор, тој ќе открие 10 работи што треба да ги знаете за да направите вашиот бренд да преживее во иднина.
Исто така, тука ќе биде и британскиот експерт за медиуми Дин Доналдсон, ко-основачот на Kaleido, кој ќе зборува за иднината на медиумите во оснос со технолошкиот напредок и вештачката интелигенција. Еден од најуспешните словенечки модни дизајнери, Нина Шушњара, во својот говор ќе ги открие своите креативни партнерства со истакнати брендови.
Првиот ден на SEMPL ќе бидат свечено доделени наградите Sempler, а вечертаната забава традиционално ќе продолжи до утрото.
Вториот ден од фестивалот, во петок, 30 ноември, ќе започне со приказна за податоците и аналитика, па така Дејвид Басет, директор на аналитика во компанијата Lumen Research од Велика Британија, со употреба на технологија на следење на очите ќе открие кои медиуми и реклами се најгледани, а со тоа и најефикасни.
По него следува д-р Николаос Димитриадис, кој е убеден дека е време за нов спектар на маркетинг професионалци кои ќе можат целосно да го искористат технолошкиот и научниот развој. Еден од главните говорници на вториот ден е Лон Сафко, сериски иноватор и пронаоѓач, автор на најдобро продаваните книги, говорник, тренер и консултант, кој на конференцијата ќе го претстави Fusion Marketing концептот, кој ги комбинира традиционалните и дигитални алатки и со тоа овозможува нов начин на работа во маркетингот.
Ана Бекстром, основач, бизнис лидер и вонреден професор по социјална психологија и Ахти Левахо, маркетинг директор во компанијата Smartcart од Финска, ќе ги поведе учесниците на детално патување за промена на однесувањето на потрошувачите во дигитализираната трговија.
Атанас Рајков, раководител за развој на бизнис во Вибер, ќе ги презентира креативните можности што Вибер им ги нуди на огласувачите и комуникаторите. Јурген Апело, сериски претприемач и основач на компанијата Agility Scales од Холандија, знае како успешно да ја “заштити” компанијата, а притоа да “не работи”.
SEMPL, исто така, ќе вклучува и теми за продажба, а совети ќе им понуди провокативниот американски Sales Whisperer ® Вес Шефер, кој тврди дека одличниот маркетинг ја олеснува продажба и дека одличната продажба лежи во срцето на одличниот маркетинг.
Деталната програма на 20 SEMPL можете да ја пронајдете на овај линк.