„Традиционални vs дигитални канали на комуникација“ е темата на панел-дискусијата што денеска со почеток од 18 часот, во Куршумли Ан, ќе се одржи под покровителство на МПМ во рамките на Skopje Design Week.
Говорници на дебатата ќе бидат Александар Ивановски, маркетинг-координатор во МПМ, Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во „ЕВН Македонија“, Соња Крамарска, главен и одговорен уредник на „Утрински весник“, Дарко Булдиоски од NewMediamk, Никола Војнов, креативен директор во New Moment, Дејан Ѓорѓиевски, маркетинг и ПР-менаџер на „Порше Македонија“ и Ненад Ристовски од ZenithОptimedia.