Денеска во Порторож, Словенија започнува 22-то издание на меѓународниот адвертајзинг фестивал Голден Драм.
За престижните награди на еден од фестивалите со најдолга традиција на нашите простори, пристигнале 1208 пријави од 25 земји на Нова Европа. Од Македонија оваа година во конкуренција за една од наградите пристигнаа дури 10 пријави од 5 агенции.
За главната награда GoldenNet, како и останатите Голден Драм признанија, ќе се натпреваруваат проекти пристигнати од 26 различни мрежи. Од вкупниот број на пријавени проекти, 396 стигнале од независни агенции.
Оваа година, жири комисиите ќе бидат предводени од страна на Chavo D`Emilio – претседател на Single Channel жирито и Geoffrey Hantson – претседател на Multi channel жирито.
Фестивалот трае до петок 16-ти а како што ќе доаѓаат резултатите ќе ги имате и на Маркетинг365.