(РЕГИОН) – Во Ровињскиот хотел “Лоне“ денеска почнуваат “Денови на комуникациите“ – националниот хрватски фестивал за огласување на кој се очекуваат повеќе од илјада учесници од Хрватска и регионот.
Фестивалот ќе нагости и некои од водечките светски маркетинг стручњаци како Крис Хоет, Јулија Бурнштајн, Мирко Илиќ, Славимир Стојановиќ, Дитмар Дамен и уште многу интересни имиња од огласувачката индустрија.
На “Денови на комуникацијата“ ќе се доделат и наважните стручни награди X и Mixx за креативност како и Efiie за ефикасност на маркетинг комуникациите.
Трета година по ред ќе се оддржи и доделувањето на студентските награди IdejaX, а по прв пат на фестивалот, Outdoor Adzent ќе додели и Outward награда за најдобар дизајн на големи плакати.
Фестивалот ќе биде затворен во Недела на 18 Мај.
Повеќе информации за Денови на Комуникациите 2014 можете да најдете на : http://danikomunikacija.com/