На централниот Хрватскиот национален фестивал за огласување се очекуваат преку 1500 учесници од Хрватска и регионот.
Денеска во хотелот Лоне во Ровињ се отвара централниот огласувачки фестивал во Хрватска. Трите фестивалски денови се очекува да ги посетат преку 1500 учесници од Хрватска и регионот кои ќе имаат можност да ја проследат според организаторите “најквалитетната програма до сега“ , пред се, посветена на креативноста како движечка сила на индустријата и доделувањето на најважните стручни награди за креативност и ефикасност во маркетинг комуникациите X, Mixx и Effie.
Фестивалската програма денеска ја отвара Раде Шербеџија, а истата продолжува во петок со предавањата на некои од најдобрите предавачи на Cannes Lions како што се David Muhlenfeld, Per Nilson и Guy Abrahams.
Во сабота на распоредот се некои од најистакнатите лидери на светската маркетинг индустрија како David Shing, Pete Blackshaw, Thomas Van Schaik и неколку други. Хрватската креативна индустрија меѓу предавачите ќе ја претставуваат Luka Duboković, Kamilo Antolović, Anđela Buljan Šiber и Jan Jilek .
Вечерната програма започнува со доделување на стручни награди за најкреативните и најефикасните реклами во хрватска, а продолжува со неколку неформални забави.
“Деновите на комуникацијата“ се одржуваат под покровителство на Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, во организација на Хрватското здружение за деловни комуникации (ХУРА) и ИАБ Хрватска.