Денеска во City Hall во Скопје се оддржува AllWeb – третата по ред конференција за интернет маркетинг и online ПР во организација на агенцијата NewMedia MK.
На настанот се предвидени повеќе предавања на неколку експерти од разни области на интернет маркетингот меѓу кои и: Рик Вион, поранешен член на social media тимовите на компании како МекДоналдс, Унилевер и Абот, Бранимир Брклаќ, основач на Тера Паноника, Хедер Расел, CEO на Rinkya.com, глобална e-commerce компанија, Срџан Ерцег, CEO на српската Huge Media, Давор Руње, ко-основач на хрватската агенција Drap, Никола Спасов од домашната агенција за истражување – Рејтинг, Рајма Ислами и Горан Јанкуловски од Executive Group од Србија, Димитар Јовевски од Економскиот Факултет од Скопје, Љупчо Јуруковски од Трендоленд и др.
Исто така предвидена е и панел дискусија на тема “WTF is Media Going!“ на која како говорници се највени: Драган Павловиќ-Латас, Љупчо Јуруковски, Дејан Георгиевски и Дарко Булдиоски.