Home » Во фокусот » Денеска во Скопје се оддржува AllWeb – конференција за интернет маркетинг и online ПР

Денеска во Скопје се оддржува AllWeb – конференција за интернет маркетинг и online ПР

Денеска во City Hall во Скопје се оддржува AllWeb – третата по ред конференција за интернет маркетинг и online ПР во организација на агенцијата NewMedia MK.

allweb mk

На настанот се предвидени повеќе предавања на неколку експерти од разни области на интернет маркетингот меѓу кои и: Рик Вион, поранешен член на social media тимовите на компании како МекДоналдс, Унилевер и Абот, Бранимир Брклаќ, основач на Тера Паноника, Хедер Расел, CEO на Rinkya.com, глобална e-commerce компанија, Срџан Ерцег, CEO на српската Huge Media, Давор Руње, ко-основач на хрватската агенција Drap, Никола Спасов од домашната агенција за истражување – Рејтинг, Рајма Ислами и Горан Јанкуловски од Executive Group од Србија, Димитар Јовевски од Економскиот Факултет од Скопје, Љупчо Јуруковски од Трендоленд  и др.

Исто така предвидена е и панел дискусија на тема “WTF is Media Going!“ на која како говорници се највени: Драган Павловиќ-Латас, Љупчо Јуруковски, Дејан Георгиевски и Дарко Булдиоски.

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365