Сината боја како боја на небото и морето, поврзана со суштината и стабилноста, симболизира доверба, лојалност и верување. Луѓето што ја сакаат оваа боја се дефинираат како мудри и разумни. Токму како и карактерот на „синиот овал“, сината боја применета во светот на автомобилизмот ја опишува смислата на животот и постоењето, а тоа е поседувањето одговорност и создавањето, односно одржувањето на довербата. Релацијата на секој сопственик со своето возило се базира токму на довербата, убавото расположение и неповторливото доживување.
Поради ова, Ми-Да Гранд Моторс организира Blue Friday денови, како симболика на познатиот Black Friday, исполнети со многу инспиративни и позитивни активности. Активности кои ќе ве воведат во светот на синото, односно светот на „доброто дело“, дарувањето и силната лојална врска.
Во овие денови, Ми-Да Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и поволни возила кои се на залиха и во истовреме од секое продадено возило тој ден донира средства во детската амбасада „Меѓаши“. Со секое продадено возило овој ден клиентот добива подарок зимски гуми, кровни носачи итн.
Покрај ова, за време на Blue Friday деновите, Ми-Да Гранд Моторс дава подарок и за секое извршено ТЕСТ возење.
Затоа, Ве повикуваме да ја почувствувате одговорноста на „синиот овал“ на 3-ти, 10-ти и 17-ти Ноември 2017 и заедно со Ми-Да Гранд Моторс да уживате во Форд доживувањето и во хуманоста.