Јапонската маркетинг групација Dentsu соопшти дека ја проширува својата соработка со Amazon Web Services (AWS), усвојувајќи две клучни услуги за дополнително да ја засили употребата на генеративната вештачка интелигенција и да обезбеди нови иновативни пристапи и можности за клиентите. Се работи за услугите Amazon Bedrock и Amazon SageMaker кои додаваат нови, диференцирани технологии во комплетот на услуги со генеративна вештачка интелигенција кои Dentsu им ги нуди на своите клиенти.
Стратегијата за вештачка интелигенција на Dentsu, да обезбеди сигурна и сеопфатна употреба на алатки низ глобалниот бизнис за развој на готови производи и оперативни иновации за клиентите, веќе дава влијателни резултати. Преку кампањи развиени со помош на вештачка интелигенција и широко распространетото усвојување на алатки со вештачка интелигенција за усовршување на работните текови, зголемување на ефикасноста и ослободување на креативноста, Dentsu поттикнува вистински, одговорни резултати за своите клиенти.
Имплементацијата на генеративна вештачка интелигенција ќе му овозможи на Dentsu да го помага својот тим од над 72.000 вработени на глобално ниво да испорачуваат пазарни иновации со забрзано темпо.
Amazon Bedrock е услуга која нуди избор на темелни AI модели со високи перформанси од водечки компании за вештачка интелигенција во светот преку единствен API, заедно со широк сет на можности за градење апликации со генеративна вештачка интелигенција кои ги исполнуваат високите стандарди на Dentsu за безбедност, приватност и одговорна вештачка интелигенција.
Од друга страна, Amazon SageMaker ќе им овозможи на податочните научници и програмерите на Dentsu да градат, обучуваат и имплементираат модели за машинско учење од кој било обем, на брз и едноставен начин. Алатката вклучува модули кои можат да се користат заедно или независно за изградба, обука и имплементација на модели со вештачка интелигенција.
Резултатот е пристап до платформи кои што на клиентите на Dentsu им обезбедуваат можности за брз развој на иновации и прототипови во обем, создавајќи нови производи и услуги кои ќе ги унапредат нивните деловни резултати. Истовремено, Dentsu добива можност за натамошно ползување на други услуги на Amazon Web Services, како што е Amazon Titan, кој обезбедува широк избор на илустративни, мултимодални и текстуални AI модели со високи перформанси.