Саша Савиќ е Извршен директор на Mediacom, една од најуспешните медиски агенции во Северна Америка и горд сопственик на лауреатот медиски директор на годината во САД.
Во текстот посветена на неговото неодамнешно предавање, порталот Media-Marketing, пренесува 10 совети од Г-дин Савиќ за тоа како да се подготвите и како да изведете успешна питч презентација:
1. Сфатете го карактерот на клиентот пред да се сретнете со него за првпат, дознајте што повеќе за него.
2. Дознајте го главниот проблем во работата на клиентот на основа на Вашето сопствено следење на индустријата и познавањето на психата на потрошувачите. Не одговарајте на клиентовиот бриф, откријте каде е проблемот за кој клиентот можеби не е ни свесен.
3. Осмислете една идеја околу која ќе се врти целата презентација.
4. Секој нов бизнис е борба. Дефинирајте ги непријателите против кои ќе се борите заедно со (потенцијалниот) клиент и “херојот“ кој ќе го спаси клиентот/бизнисот од невоља.
5. На клиентот пројдајте му СОН, а не кампања или агенциски сервис.
6. Зборувајте со речник кој го рабираат сите.
7. Уверете се себеси и Вашиот тим дека победата е можна, односно извесна.
8. Однесувајте се како партнер, не како агенција.
9. Ловете ги звездите. “Не е лошо….“ – не е доволно добро !
10. Вежбајте, вежбајте и вежбајте презентација без слајдови, така добивате самодоверба.