Светската премиера на 10 -та симфонија, на која се работеше 730 дена, можете да ја гледате во живо на 9 октомври
Дојче Телеком, во соработка со група меѓународни музичари и експерти за вештачка интелигенција, во сабота, 9 октомври, ќе го претстави еден од најголемите светски културни проекти – завршената 10 -та симфонија на Лудвиг ван Бетовен.
Проектот на 10 -тата симфонија на Бетовен, започна во јуни 2019 година, односно траеше цели 730 дена, а во него беа вклучени 10 научници и експерти од областа на вештачката интелигенција кои работеа на Харвард и Корнел, 56 музичари од симфонискиот оркестар во Бон, оргулистот Камерон Карпентер, а сите под водство на д-р Матијас Родер, наградуван музичар и технолошки стратег.
Изборот на 10 -та симфонија беше поттикнат од 250 -годишнината од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен, еден од најпознатите светски композитори, кој во последната година од својот живот започна да ја пишува 10 -тата симфонија, која за жал никогаш не ја заврши, со што светот остана лишен за уште едно ремек дело. Крајот на на 10 -тата симфонија на Бетовен настана како одговор на прашањето дали вештачката интелигенција може да биде креативна.
За да може проектот успешно да се реализира, целото уметничко наследство на Бетовен беше анализирано со вештачка интелигенција – симфонии, ноти, музички скици и партитури, кои беа претворени во машински читлива форма. Потоа беше избран најприменливиот метод за машинско учење, користејќи алгоритми за обработка на глас, бидејќи музиката, како и јазикот, се состои од мали единици – букви или ноти – кои даваат значење само кога се смислено составени, што беше особено важно за овој експеримент.
По две години напорна работа, 66 GB материјал, повеќе од 10.000 разменети документи, 10.000 музички снимки и два милиони ноти со кои се практикуваше вештачка интелигенција, симфонијата ќе ја има својата премиера на 9 октомври 2021 година, со почеток во 19:00 часот на Телеком форумот во Бон. Уште еден настап ќе се одржи на 27 октомври во Елбфилхармонија, една од најпознатите концертни сали за класична музика во светот.
.