(17.08.2020) – По објавувањето на листата на 100 највредни компании во светот, Форбс ја објави и листата на 50-те највредни спортски брендови.
Од нив, 27 тимови се натпреваруваат во американската НФЛ лига, 9 тимови играат во кошаркарската НБА Лига, 7 се бејзбол тимови кои играат во американска MЛБ лига и 7 се европски фудбалски тимови (4 од англиската Премиер Лига, 2 од шпанската Ла Лига и 1 тим од германската Будеслига).
Највреден спортски бренд во светот веќе петта година со ред е НФЛ тимот Dallas Cowboys, чија вредност се проценува на 5,5 милијарди долари.
На второто место е бејзбол тимот New York Yankees со вредност од 5 милијарди долари, а третото место припаѓа на уште еден тим од Њујорк – кошаркарскиот клуб New York Knicks, чија вредност изнесува 4.6 милијарди долари.
Калифорниските кошаркарски тимови Los Angeles Lakers и Golden State Warriors се наѓаат на четвртото и петтото место со вредност од 4,4 милијарди, односно 4,3 милијарди долари, соодветно.
На шестата позиција е шпанскиот фудбалски тим Real Madrid со ведност од 4.24 милијарди долари, а по нив следува НФЛ тимот New England Patriots со вредност од 4.1 милијарди долари.
На осмото место е фудбалскиот тим Barcelona со 4.02 милијарди долари, на деветтото место се наоѓа НФЛ тимот New York Giants со 3.9 милијарди долари, а на десеттото место е англискиот фудбалски тим Manchester United, чија вредност е проценета на 3.81 милијарди долари.
Целосната листа на највредни спортски брендови за 2020 година можете да ја погледнете на следниот линк.