Home » Во фокусот » Девет години Nova Solutions – интервју со извршниот директор Предраг Стојковски

Девет години Nova Solutions – интервју со извршниот директор Предраг Стојковски

Денешен гостин на Маркетинг365 е Г-дин Предраг Стојковски, извршен директор на дигиталната агенција Nova Solutions со седиште во Битола, која денеска прославува 9 години постоење. За нивните почетоци, создавањето на брендови во online светот како и придобивките и заканите кои ги носат светските интернет сервиси за домашниот пазар, прочитајте во интервјуто во продолжение.

predrag-nova-solutions

Речиси една деценија сте во интернет маркетинг водите. Дали можете да ги споредите почетоците со денешната состојба?

Да како што рековте, девет години сме активни на полето на интернет маркетинг. Маркетингот е многу динамична дејност, со многу динамични процеси, кои компаниите треба да ги следат, а можете да претпоставите, како е на маркетинг агенциите кој што секогаш требаат да бидат еден чекор понапред и на компаниите да им понудат нови иновативни решенија.

Кога станува збор за маркетингот на интернет тие процеси се уште подинамични. Пред девет години немавме паметни телефони, поточно не се користеа толку, колку што се користат денеска. Кој можеше да замисли дека бројот на корисници на овие уреди, ќе биде поголем од бројот на корисници на компјутери.

Социјалните мрежи кои во тој период беа во развој, денес станаа еден вид на mainstream. Се поголем број на корисници на интернет комуницираат по пат на социјалните медиуми, се јавуваат нови трендови, нештото што беше незамисливо пред девет години, денес стана нормално.

Во такви услови на комуникација, а маркетингот е пред се комуникација, на сите маркетинг агенции станува се потешко, не само да се прилагодат на нови трендови туку и да креираат нова содржина кој што ќе го поттикне потенцијалниот купувач на акција. Но од друга страна тоа претставува и предизвик да се креира нешто ново, да се креираат и комбинираат постоечките канали на комуникација, а се со цел да се креира релевантна содржина која ќе му помогне на брендот.

Спомнавте бренд, колку нашите компании внимаваат на своите брендови и колку го користат интернетот за промовирање на истите?

Кога станува збор за брендовите, ќе го парафразирам Лазар Џамиќ кој што вели дека денес брендовите не се повеќе во сопственост на компаниите. Брендовите се денес во сопственост на нивните корисници. Денес брендот не е тоа што компаниите зборуваат за своите производи, туку што потрошувачите зборуваат за него. Денес потрошувачите гледаат како брендот се однесува, комуницира со нив, работи и слично. И сето ова се случува како online така и offline. Од сето ова можеме да заклучиме дека брендот мора да внимава што работи.

За жал поголем број на македонските компании, не се свесни за денешниот момент и за начинот на кој што купувачите ги перципираат работите. Денес купувачите го пребаруваат интернетот за да најдат соодветни информации за производот кој сакаат да го купат. Ова не станува збор само за електронски уреди туку и за секој производ. Читаат критики, споделуваат искуства… Доволно е да пребарате одреден клучен збор на Google и да дознаете се што ве интересира. Google не е единствен но е најрелевантен.

На социјалните медиуми исто така, во секој момент може да се најде некој клучен збор кој што е поврзан со Вашата компанија, без разлика дали тоа е позитивно или негативно. Доколку некоја компанија има било каква релевантност за своите корисници, за неа се зборува на интернетот. Овој дијалог не може да се спречи но може да се канализира, но само доколку се учествува во тој муабет. А како ќе учествувате доколку немате веб сајт, доколку немате профил на социјалните медиуми?

По што ќе ги паметите овие 9 години на работењето?

Во текот на само еден ден може да се случат голем број на работи кои ќе се запаметат, а можете да замислите колку моменти за паметење има во девет години. Се трудиме секоја година да правиме по еден чекор напред. Пред неколку години развивме заедно со нашите партнери прва наградна Фејсбук апликација за Битолска млекара, освоено второ место за најдобра мобилна апликација (Farmarket) доделена од светскиот бренд Ericsson, апликација која што е развиена заедно со Александар Балаловски, програмер за мобилни апликации. Исто така, пред две години успеавме да реализираме заедно со нашите пријатели од Кавадарци комплетно брендирање на мед инт…. но она на што сме најмногу горди како компанија е тоа што имаме искрен однос со нашите клиенти и што успеваме да им помогнеме во нивната промоција.

Што мислите за зголемениот тренд на алоцирање на “домашните“ буџети кон светските интернет сервиси како Google и Facebook? Дали ова може да се развие како закана за развојот на домашниот интернет пазар со оглед на тоа што придонесува за намалување на приходите на домашните веб медиуми?

Не можам во целост да ја поддржам тезата дека овие два гиганти го рушат пазарот, бидејќи ако ја анализираме популарност и посетеноста на интернет медиумите не само во Македонија, таа популарност и посетеност се должи баш на Facebook и на Google. Во некој случаеви 80% од посетеноста доаѓа баш од Google и од Facebook.

Моменталната состојба е таква да Фејсбук и Google како најголеми мрежи ја имаат таа моќ за привлекување на компании за да ги алоцираат своите маркетинг буџети баш кај тие две компании. Покрај релативно ниската цена, мораме да ги земеме во предвид и други фактори кој што се многу прифатливи кај потенцијалните огласувачи: таргетирање на реклами, мерливост, флексибилност…. и тоа е она што донесува предност во однос на алоцирање на маркетинг буџетите.

Дали Facebook и Google донекаде ја злоупотребуваат својата монополска позиција – сигурно дека да. Она што останува е да се прилагодиме на состојбата, по пат на креирање на квалитетна содржина, нудење на нов вид на промоција на порталите. Општо е познато дека видливоста на банерите опаѓа со години наназад. Повеќе од 50% на содржината на банерите никој не ги гледа. Од тие причини, интернет медиуми треба да се насочат кон Native advertising кое што треба да биде решение на проблемот, рекламата да биде во склад со содржината која што се консумира од страна на корисникот. Едноставно порталите мораат да се прилагодат на состојбата.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365