Четиригодишната Ајви Кимбле е ѕвездата на новото издание на каталогот со играчки American Girl. Ајви е родена со Даунов синдром, но тоа не претставува никаква пречка таа да стане модел. Така се најде на страниците на октомвриското издание на каталогот.
Малото девојче во црвен фустан го украде целото внимание. Нејзината мајка Кристен за ABC13 смета дека тоа е голем чекор напред.
„Имам четири ќерки и мојот сон беше барем една од нив да заврши во каталогот American Girl. Нема многу медиумски содржини што вклучуваат луѓе со Даунов синдром. Затоа, ова е голема работа и горда сум на тоа“, објасни таа, додавајќи дека ова наскоро ќе стане практика и на други компании.
Иако се работи за каталог кој не е достапен на нашите простори, тој е многу популарен кај американските деца. Го издава компанијата Мател, а досега кампањите вклучувале слушни помагала, инсулински пумпи, инвалидски колички и кучиња за помош на слепи и слабовидни личности.