Новото ребрендирање кое покрај новиот изглед носи и неколку нови овошни вкусови, има за цел ревитализирање на продажбата на Diet Coke и да се поврзе со младите потрошувачи
Компанијата “Кока-Кола” направи уште еден чекор за оживување на слабата продажба на својот бренд Diet Coke во Северна Америка со ново, по малку шарено ребрендирање, и некои нови овошни вкусови.
Во текот на последните неколку години, продажбата на Diet Coke во Северна Америка опадна, делумно поради насочувањето на потрошувачите на други брендови на Coca-Cole, како што се Coke Zero и Coke Life. Затоа, не беше изненадувачки што во 2017 година компанијата го преименува Coke Zero во Zero Sugar во САД, и го исклучи брендот Coke Life во Велика Британија, каде што продажбата на овој бренд исто така забележа силен пад.
Во 2016 година, Кока-Кола ја започна глобалната One Brand стратегија за да ги промовира сите свои производи во исто време, наместо да ги раздвојува во различни рекламни кампањи. Сепак, во истата година, компанијата одлучи посебно да ја промовира Diet Coke во Северна Америка, со ребрендирани шииња и нова кампања.
Сега (барем во САД) се чини дека брендот ја промени својата стратегија и одлучи одговорот на привлекување на нови милениумци на стариот бренд да го побара во редизајн, со подолги и потенки лименки.
Покрај новите лимени, тука се и новите овошни вкусови, Ginger Lime, Feisty Cherry, Zesty Blood Orange и Twisted Mango, за кои инспирацијата поттикнува од фактот дека милениумците сакаат посилни вкусови, што е очигледно од нивната љубов кон различни craft пива и зачинети сосови. Тие вкусови се избрани откако компанијата анкетирала 10.000 Американци и 30 комбинации ги сведе на финалните четири.
Рафаел Акеведо, директор за Diet Coke во Северна Америка, по повод ребрендирањето изјави: “Diet Coke е еден од култните брендови кој има милиони обожаватели во Северна Америка. Во ова ново претставување, сакавме да бидеме привлечни, да размислуваме поинаку и да бидеме иновативни во нашиот пристап. Што е најважно, сакавме да останеме верни суштина на Diet Coke додека работевме ребрендирање за новата генерација. “
Тој исто така додаде дека ова ребрендирање го прави брендот поавтентичен и дека потрошувачите ќе можат полесно да се поистоветат со него.