(РЕГИОН) – Во дигиталната маркетинг агенција Brlog, дел од групата Bruketa&Žinić OM, пристигна нов Арт директор – Сандро Дујменовиќ. Истовремено, Никола Жиниќ го презеде местото креативен директор, а тој и понатаму ќе работи и на проекти од матичната рекламна агенција Bruketa&Žinić OM.
Пред доаѓањето во Brlog, Сандро Дујменовиќ работеше за дизајн студиото Bunch. Во текот на кариерата работел на проекти за Diners, UN, Red Bull, Erste banka, Pepsi, Guinness и други. Дипломирал дизајн на визуелни комуникации на Уметничката академија во Сплит и на студиите за дизајн во Загреб, а неговите проекти биле селектирани и на повеќе биенални изложби во хрватска.
Brlog како дигитална маркетинг агенција се занимава со сите облици на деловни комуникации преку дигитални канали. Нивниот проект “Изгубена страница“ за хрватската планинска служба за спасување оваа година беше проглесен за најдобар проект за дигитални комуникации за натпреварувањето MIXX во склоп на “Денови на комуникацијата“ како и најдобар интерактивен проект на “Sudnjem danu“ , независниот фестивал за креативни комуникации. За најдобра мобилна кампања се наградени во 2013, на натпреварувањето SoMo Борец а во 2011 освоија Effie злато за маркетинг ефикасност.