Home » Во фокусот » Дигитални билборди кои се менуваат во согласност со временските услови

Дигитални билборди кои се менуваат во согласност со временските услови

Станува збор за рекламна кампања која се одвива паралелно со најавата за новиот  Baywatch филм, кој ќе се емитува на големото платно на  26 мај оваа година.

Користејќи го дигиталниот билборд систем на Lamar Advertising, Paramount  и неговиот тим таргетираат 16 пазари од средна големина со реклами кои се менуваат во согласност со временските услови околу самиот билборд.
Градовите каде се одвива оваа кампања се Flint, Mich., Waterloo, Iowa, Lincoln, Neb., Sioux Falls, S.D., Green Bay, Wisc., Syracuse, N.Y., и  Casper, Wyo. Вкупно на површината на овие градови поставени ќе бидат 52 дигитални билборди до 5 Февруари.

Рекламите служат за да се нагласат искуствата кои ги имаат минувачите покрај билбордите, односно без разлика дали минувачите искусуваат брутално ниски температури, снег или дожд, билбордите даваат надеж  дека летото доаѓа наскоро со идеата за Baywatch филмот каде глумат Alexandra Daddario, Priyanka Chopra, Dwayne Johnson и Zac Efron. Која креатива ќе се појавува на самиот билборд зависи од самите податоци за локалните временски услови.

Филмот е базиран на серијалот Baywatch кој се емитуваше на NBC од  1989 до  2001 година.

Рекламирањето базирано на податоци за временските услови денес станува светла точка во светот на маркетингот и често се прави со помош на мобилен уред со прецизно таргетирање. Она што го прави обидот на Baywatch кампањата поразличен од традиционалното рекламирање е тоа што овој обид за рекламирање ги комбинира податоците за климатските услови во реално време со користење на идеата за автоматизирање на емпатијата.
Дали емпатијата може да биде автоматизирана?
Да погледнеме дали оваа дигитална кампања ќе успее да ја привлечи целната публика во кината за време на премиерата на  Baywatch.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365