Home » Во фокусот » Дигиталното огласување ќе го достигне она на ТВ во 2019 година

Дигиталното огласување ќе го достигне она на ТВ во 2019 година

Глобалните буџети за дигитално огласување ќе се израмнат со буџетите за ТВ реклами во 2019 година.

Главниот boost ќе го направат кампањите на мобилни уреди и социјалните мрежи.

Растот на дигиталниот пазар во наредната 2015 година ќе достигне 163 милијарди долари (или 30% учество во вкупниот адвертајзинг колач), покажуваат податоците на истражувачката единица Магна Глобал која е дел од маркетинг гигантот Интерпаблик Груп. После четири години (во 2019) тој удел ќе изнесува 38% идентично како уделот што ќе отпаѓа на ТВ огласувањето.

Во следната 2015 година вкупните пари за реклама во целиот свет ќе се зголемат за 4,8% достигнувајќи ниво од 536 милијарди долари – покажуваат податоците на истражувачката компанија.

mobile ads - marketing365

Прогнозата на Магна Глобал покажува дека интересот на корисниците се дислоцира од екраните на телевизорите кон оние на мобилните уреди.

Оваа и следната година пресметките покажуваат дека сиот раст на пазарот доаѓа од мобилниот сегмент. Особено кога станува збор за забава дома, смартфоните и таблетите се развиваат многу брзо – коментира Винс Литинг, извршен директор на Магна Глобал, цитиран од Блумберг. Растот на мобилниот маркетинг за изминатава 2014 година изнесуваше неверојатни 72%.

Сепак, буџетите за ТВ реклами се очекува да се зголемат за 3% во наредната и на 6% во 2016 година, дополнуваат од истражувачката фирма.

Според истражувањето на Зенит Оптимедиа пак, средствата за мобилен маркетинг ќе се зголемуваат во просек за 38% секоја година во периодот од 2014 до 2017 година.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365