Home » Во фокусот » Direct Media Академија најавува гостување на специјални гости: Драган Бјелогрлиќ на 30 мај во Мадленианум!

Direct Media Академија најавува гостување на специјални гости: Драган Бјелогрлиќ на 30 мај во Мадленианум!

На последниот, завршен ден на Direct Media Академија која ќе се одржи од 28 до 30 мај, ќе присуствува силен тим на предавачи, меѓу кои и славниот уметник Драган Бјелогрлиќ.

Дали Србија е подготвена за интернет-платформите” е тема на специјалниот разговор со популарниот Бела на сцената на Madlenianum, а во рамките на фестивалскиот ден на Академијата на 30-ти мај.

Од овој реномиран уметник кој се проба на двете страни на камерата, но и во брзаците на продуцентските води  – публиката ќе има можност да слушнат каде е Србија на мапата на светската продукција и иновациите во областа на филмската уметност. Бјелогрлиќ ќе ни даде одговори на прашањата какви се нашите гледачи – што бараат, на што се навикнати и што очекуваат од новите проекти. Кои се потребните елементи за успех на филмските проекти во Србија и каков вид на содржина има најголеми шанси за да ја задоволи помалку комплицираната, но лојална регионална публика – ова се само некои од прашањата кои ќе ги отвори Бјелогрлиќ.

Новата ера на комуникација, која е тема на тридневната обука организирана од DIRECT MEDIA United Solutions, со своите предавања ќе се обидат да ја приближат и другите говорници на предавањата.

Познатиот маркетинг експерт од Израел, Равид Куперберг од агенцијата Mindscapes, ќе одржи специјална работилница која ќе понуди конкретни и моќни алатки за откривање на образците на иновативното и креативното размислување. Равид ќе биде предавач и на Фестивалскиот ден каде што ќе зборува за поимот „StoryTeching“ односно за употребата на технологијата во марктинг.

Во агендата на Фестивалскиот ден е и Срѓан Џурџевиќ, R&D директор на United Group, кој ќе ја запознае публиката со светот на иновациите поврзани со новата ера на телевизијата и преку конкретни примери ќе ги прикаже промените во навиките на гледачите.

Владимир Вулиќ, соосновач на Digitalizuj.Me и програмски директор на конференцијата Spark.me ќе претстави нови нов модел на дигитално трансформирана компанија и менаџмент.

Бидејќи оваа година се слави 500 години од смртта на големиот визионер Леонардо да Винчи, темата и програмата на Direct Media Академија  се инспирирани од неговите принципи на отвореност, универзалност и поврзаност во ерата која ја обележа.

Преку предавања и интерактивни работилници, учесниците на академијата преку два модула ќе научат конкретни алатки и стратегии за успешно комуницирање во новата ера:

Модулот “Нов свет на медиумите” одговара на прашањата за иднината на телевизијата, дигиталот, социјалните мрежи, улогата на податоците во комуницирањето.

Модулот “Нов брендинг – Хокус покус” претставува нов концепт на брендинг и им обезбедува на учесниците рамка и алатки за транзиција во иновативни стратегии за брендирање.

Оваа богата програма на DMA 2019 е внимателно креирана за сите професионалци со отворен ум кои знаат дека учењето е континуиран процес. Тоа е токму филозофијата која е проткаена низ мисијата и визијата на секоја Direct Media Академија од 2012 година, кога е основана.

Средствата од продажбата на котизациите на Direct Media Академија ќе бидат употребени за хуманитарни цели и оваа година.

Обезбедете котизации на време!

www.directmediacademy.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365